13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг.

Практично, тоа значи дека Западот ја спушти топката во конфликтот со Русија, исто како што направи официјална Москва неколку часа претходно.

Столтенберг призна дека во НАТО има несогласување околу прашањето како да ѝ се помогне на Украина, која го извести половина свет за акумулацијата на руски војници на нејзината граница.

„Не знаеме точно какви се намерите на Русија кон Украина за да донесе избрзани одлуки за такво прашање“, рече Столтенберг, додавајќи дека секој следен потег и одлука на НАТО ќе зависи од развојот на настаните.

„Нема гаранции за намерите на Русија и можеби не донеле конечна одлука. Значи, од перспектива на НАТО, ние сме подготвени да се вклучиме во дипломатски напори, но исто така сме подготвени да ѝ одговориме на Русија доколку дојде до воена конфронтација во Украина, ние сме за двете опции“, рече Столтенберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП