19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСателит открива што прави Русија – објавени снимки од граница(ФОТО+ВИДЕО)

Сателит открива што прави Русија – објавени снимки од граница(ФОТО+ВИДЕО)

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина.

Тоа во последно време се засили, а светските медиуми објавувија сателитски снимки на кои се гледаат руски војници и опрема.

Русија негираше каква било можност за инвазија, но акумулацијата на војниците е забележана на сателитски снимки во базите околу северната, источната и јужната граница на Украина.

Американската компанија Maxar Technologies изјави дека во текот на овој и минатиот месец снимиле снимки со висока резолуција кои покажуваат нови распоредувања на Крим, како и во неколку области за обука во западна Русија, долж периферијата на украинската граница.

Една од тие области е градот Јелнија, северозападно од Смоленската област во Русија, оддалечен 260 километри од Украина. Овде се наоѓа воена станица, а на само 35 километри од украинската граница има воен магацин во кој се сместени околу 20.000 руски војници.

Наводно, околу 100.000 руски војници се постојано стационирани во близина на украинската граница, опремени со различно оружје, тенкови и силна воздушна сила.

Една украинска проценка, пренесена од Си-Ен-Ен, вели дека има околу 106.000 копнени војници и 21.000 припадници на морнарицата и воздухопловните сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП