2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиерно претставен Peugeot 5008 за 2014-та

Премиерно претставен Peugeot 5008 за 2014-та

pezo 5008

Пред вас се првите официјални фотографии на редизајнираниот модел на „Peugeot“ – 5008 кој се очекува да биде претставен во Франкфурт веќе следниот месец. „Peugeot“ објави неколку детали кои се однесуваат за ова возило, со нагласок на просторот во кабината.

Овој модел носи унапреден простор во кабината, во користените материјали, како и во практичноста во возењето. Сето ова има за цел да ги привлече купувачите во сегментот на повеќенаменските возила во кој овој модел и припаѓа.

pezo 50081

Фотографиите отркиваат малку подобрен екстериер при што промените кои се најзначајни се оние кои се однесуваат на предниот дел од автомобилот. Нови хромирани украси околу предните светла за магла го нагласуваат дизајнерскиот јазик на „Peugeot“ кога станува збор за возилата од „C“ сегментот.

Возилото поседува карактеристики како што е „Head-Up“ екран кој ги прикажува клучните информации кои се пред очите на возачот, така што тој нема потреба да го трга погледот од патот.

pezo 50082

За патниците да бидат заштитени во случај на незгода кабината е опремена со шест воздушни перничиња, две предни, две странични и две завеси. Овие последните го покриваат дури и третиот ред на седишта кај верзијата со седум седишта.

Кога возилото се вози по снег, „ASR“ вклучува дополнителна функција. „Snow motion“ е интелегентен систем кој овозможува автомобилот ефективно да се движи по пат прекриен со снег или мраз.

pezo 50083

Овој модел ќе биде достапен со дури осум мотори и тоа покрај бензинските и дизел варијантите на купувачите ќе им биде понудена и хибридна варијанта, при што ќе бидат понудени мануелни, автоматски и „ETG“ трансмисии, а опсегот на моќта ќе се движи од 115ks дo 163ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП