27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ повторно е најскапата марка на автомобили

„Toyota“ повторно е најскапата марка на автомобили

Јапонскиот производител „Toyota“ ја задржа својата позиција во рангирањето „Brand Finance“ – годишна листа на 500 највредни компании во светот. Таа се наоѓа на 12-тото место во севкупното рангирање со вредност од 64,3 милијарди долари, што го става на прво место меѓу брендовите на автомобили.

Како и во 2021-ва година, веднаш зад „Toyota“ се наоѓа „Mercedes-Benz“ (60,8 милијарди долари), со тоа што германската марка е на 15-то место во генералниот пласман (минатата година беше 13-то). Третото место кај автомобилските брендови е за „Tesla“ (46 милијарди долари), бидејќи американската компанија се искачи од 42-рото на 28-то место.

Од првата тројка испадна „Volkswagen“ (41 милијарда долари), кој веќе е четврти и паѓа од 26-то на 33-то место во генералниот пласман. „Mitsubishi“ е во првите пет за најскапи марки на автомобили, рангиран на 37-то место (39,7 милијарди долари).

Потоа во рангирањето следат „BMW“ (39-то место и 37,9 милијарди долари) и „Porsche“ (46-то место и 33,7 милијарди долари), а двете компании губат по 10 позиции. Покрај тоа, „Honda“ (61-во место и 28,2 милијарди долари), „Ford“ (76-то место и 24,2 милијарди долари) и „TATA“ (78-мо место, 23,9 милијарди долари) се во првите 10 марки на автомобили.

Во севкупното рангирање на „Brand Finance“ е компанијата „Apple“, која е проценета на 355,080 милијарди долари, а потоа следат „Amazon“ со 350,273 милијарди и „Google“ со 263,425 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП