19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазмислувате за промена на работното место или друга животна промена? Обидете се...

Размислувате за промена на работното место или друга животна промена? Обидете се со овие 7 прашања

Ако сте добри таму каде што сте и немате намера да менувате работа, да започнете своја, да се преселите или можеби да го проширите семејството, тогаш овој текст не е за вас.

Но, ако размислувате за промена на работното место или некоја поголема промена во вашиот живот, мало водство или предлози од некој поискусен нема да ве повредат.

Витни Џонсон неколкупати е наградувана како предавач, писател и консултант, лидер. Бизнис школата на Харвард често ја кани да држи предавања, па неодамна ја објавија нејзината книга во која професорката се занимава со развојот на личните и компаниските потенцијали. Специјалноста на Витни Џонсон е личен напредок, запознавање со границите и како да ја постигнете најдобрата верзија од себе.

Значи, ако сакате промена, ако процените дека е време за нова средина, нови обврски, нови работни места и луѓе, Витни Џонсон сигурно ќе ви помогне. Прашањата кои би ви ги поставилеа пред толку големи промени во животот се драгоцени и одговорите ќе ви кажат дали навистина е време за промена и дали промената за која размислувате е правилна.

Таа формулираше 7 прашања:

Дали е остварливо?

Дали може лесно да се тестира? Започнете со мали чекори. Докажано е дека кога човек започнува нешто ново, тој започнува „големо“ кое може да биде обесхрабрувачки. Затоа, тестирајте ја оваа промена со мали постепени чекори кои ќе ве чекаат во текот на самата реализација. Така ќе се охрабрите себе си, и нема да ве исплаши „големата слика на промената“ која го одложува секое дејство.

Дали е познато или е новитет?

Конкретно, дали знаете барем 85% од процедурите и начините на кои ќе ги спроведете промените? Непознатите 5-15% се таму за да ве стимулираат да растете и да се менувате.

Дали промената е во согласност со вас, вашиот идентитет?

Предлог: секогаш е корисно малку да се поместат границите кога станува збор за идентитетот. Така се случува растот.

Дали ќе платите превисока цена?

Дали промената е во согласност со моите вредности?

„Ако го игнорирате одговорот на ова прашање, тоа е на ваша штета“, напиша Џонсон.

Дали промената ја следи мојата цел, моето „зошто“?

Зад сè што правите се крие вашиот двигател, вашата цел. Ако сè уште не сте сигурни што е тоа, обидете се со следниот тест:

Прашајте ги пријателите кои добро ве познаваат зошто го сакаат вашето друштво и што добиваат од дружењето со вас. Нивните одговори ќе го откријат вашето „зошто“.

Промена и сопирачки

„На секое патување му треба капетан“, пишува Џонсон. Значи, ако одлучите да направите промени, одлуките се земаат здраво за готово, но пред се вашето длабоко убедување дека сте подготвени да работите за промена. Стравот е парализирачки елемент и треба да сметате на него. Но, има безброј можности кои се остварливи, има безброј промени што можете да ги направите, а исто толку има и планирање и истражување за тоа дали да се впуштите во нешто поголемо, ново во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП