5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради загубите, Billabong не врeди ништо!

Поради загубите, Billabong не врeди ништо!

billabong

„Billabong International Ltd.“ објави дека истоимената 40-годишна марка на компанијата за облека за сурфање , во пракса не вреди ништо. Причината за тоа се загубите на компанијата кои се зголемија, а тоа резултираше со затворање на продавници и отпуштања.

Цената на акциите падна најмногу за повеќе од еден месец, пишува „Bloomberg“. Основана во 1973-та година од Гордон и Рена Мерчант марката „Billabong“ помогна во промовирањето на австралиската сурф-култура низ целиот свет, а во својот врв во 2007-та година пазарната капитализација се искачи на 3.84 милијарди австралиски долари (3,45 милијарди долари).

Профитот на компанијата, сепак се распадна во последните две години, откако конкурентите, меѓу кои и „Abercrombie & Fitch Co“, го украдоа пазарениот удел од неа, а „Billabong“ трупаше долгови за да изгради мрежа на продавници, која во моментов се намалува.

Компанијата затворила 158 продавници, ги прекинала односите со три четвртини од добавувачите и затвори 15 проценти од работните места во Европа. Вредноста на брендот падна до 90 милиони австралиски долари на крајот на јуни во споредба со 614-те милиони долари во декември 2011-та година, па така самото име „Billabong“ не вреди ништо, се вели во соопштението на компанијата.

Загубите на компанијата за 12 месеци до јуни се зголемија до 860 милиони австралиски долари, во споредба со 276-те милиони австралиски долари негативен резултат за претходните 12 месеци. Падот на продажбата е во износ од 14 проценти што доведе до намалување на приходите до под оперативните трошоци на компанијата, па таа зеде заем од „Altamont Capital Partners“ за да ги рефинансира своите долгови. Акциите на „Billabong International“ поевтинија за 10,3 проценти до 50,7 австралиски центи, што беше најголем пад од 10 јули наваму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП