3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОИЕ произведуваат 37% од потрошувачката на електрична енергија во ЕУ (ИНФОГРАФИК)

ОИЕ произведуваат 37% од потрошувачката на електрична енергија во ЕУ (ИНФОГРАФИК)

Обновливите извори на енергија сочинуваат 37% од бруто потрошувачката на електрична енергија на ЕУ во 2020-та година во споредба со 34% во 2019-та година, според податоците на Евростат.

Ветерот и хидроенергијата сочинуваат повеќе од две третини од вкупното производство на електрична енергија од обновливи извори, со учество од 36% и 33%, соодветно. Преостанатата една третина од електричната енергија доаѓа од соларни панели (14%), цврсти биогорива (8%) и други обновливи извори (8%).

Сончевата енергија е најбрзо растечки извор. Во 2008-ма година, таа учествуваше со само 1% од потрошената електрична енергија во ЕУ.

Од сите земји-членки на Заедницата, само две имаат удел од над 70% од електричната енергија произведена од обновливи извори – Австрија (78%) и Шведска (75%). Производството на електрична енергија од обновливи извори учествува со повеќе од 50% во Данска (65%), Португалија (58%), Хрватска (53%) и Латвија (53%).

Во други земји, обновливите извори на енергија сè уште генерираат помалку од половина од вкупната потрошувачка.

На дното на листата се Малта (10%), Унгарија (12%) и Кипар (12%), Луксембург (14%) и Чешка (15%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП