26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 факти кои мора да ги знаете за напитоците за детоксикација

5 факти кои мора да ги знаете за напитоците за детоксикација

Напитоците за детоксикација се од голема помош во слабеењето, ќе ви ја прочистат кожата и ќе го обноват вашиот метаболизам. А ќе имате и повеќе енергија благодарение на нив. Ви откриваме 5 факти за тоа како на најдобар начин да ги примените соковите за детоксикација…

1. Црвени сокови

Соковите од продавница најчесто се полни со шеќери, кои се извор на празни калории кои дебелеат. Но, природниот сок од калинка, кој е полн со антиоксиданси, вклучува и елагинска киселина, која е добра за црниот дроб. А сокот од цвекло ја зголемува издржливоста кај спортистите. Сепак, немојте да претерувате со нив.

2. Зелен чај

Зелениот чај е полн со антиоксиданси кои се познати под називот катехини, а за кои студиите покажале дека ги намалуваат масните наслаги во областа на стомакот и го намалуваат ризикот од меланом.

3. Сок од зеленчук

Ако навистина сакате на вашето тело да му обезбедите витамини и антиоксиданси кои ќе ги уништат слободните радикали, соковите од зеленчук се вистинскиот избор за вас. Нема сите луѓе да изедат два килограми зеленчук во еден оброк.

Бидејќи правењето на сок ги отстранува влакната, хранливите материи полесно се апсорбираат во крвотокот. А правењето на сокови од свеж зеленчук обезбедува повеќе хранливи материи отколку готвењето на истите.

4. Вода

Истражувањата покажале дека гладта често може да ја помешаме со жед, па една чаша вода ќе ви помогне помалку да јадете во текот на оброкот. Откако ќе станете наутро испијте една чаша вода за да го поттикнете метаболизмот. Навечер додека спиеме не пиеме вода па се будиме благо дехидрирани. Тоа го забавува метаболизмот. Самата вода помага и во исфрлањето на токсините од организмот. А колку повеќе токсини исфрлите, токлу помалку тие ќе направат штета во вашето тело.

5. Ферментирани пијалоци

Токсините се водечкиот причинител на воспаленија во телото, а кога ќе се најдат во органите за варење доаѓа до подуеност. Пробиотиците, вид на бактерии кои се наоѓаат во јогуртот, можат да ги ублажат проблемите со варењето. Тие го подобруваат и вашиот имунитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП