2 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАКолку долго омикрон може да преживее на кожата, пластиката…

Колку долго омикрон може да преживее на кожата, пластиката…

Варијантата омикрон успева да преживее подолго на човечка кожа и на пластични површини во споредба со претходните верзии на коронавирусот, открија јапонските истражувачи во лабораториски тестови.

Токму оваа екстремно висока „стабилност во околината“, односно високата инфективност и екстремната издржливост му овозможија на омикрон да ја замени делтата како доминантна варијанта и да се шири со таква брзина, заклучија јапонските научници.

На пластичните површини, просечното време на преживување на оригиналниот вид коронавирус беше 56 часа, алфа варијантите 191,3 часа, бета варијантите 156,6 часа, гама 59,3 часа и делта 114,0 часа.

Јапонските истражувачи открија дека омикронот останува на пластичните површини околу 193,5 часа, а резултатите, кои допрва треба да поминат рецензија од нивните колеги, беа објавени на веб-страницата bioRxiv.

На примероците од кожа од труп, просечното време на преживување на коронавирусот беше 8,6 часа за оригиналниот вид, 19,6 часа за алфа сојот, 19,1 часа за бета, 11,0 часа за гама варијантата, 16,8 часа за делта и повторно најмногу – 21,1 часа за омикрон.

Сите варијанти на коронавирус беа целосно деактивирани од човечката кожа по 15 секунди од прскањето со средства за дезинфекција на раце на база на алкохол.

„Затоа“, заклучуваат јапонските научници, „сеуште се препорачува како дел од сегашната контрола на инфекциите, да се продолжи со досегашната практика на хигиена на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол и сапун, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација. “

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП