„Фајзер“ и „Бајонтек“ започнуваат клиничко испитување на вакцина специјално дизајнирана за сојот на коронавирус „омикрон“, а студијата поделена во три групи ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор на вакцината кај 1.420 здрави возрасни лица на возраст од 18 до 55 години.
Учесниците во првата група примиле две дози од сегашната вакцина Фајзер најмалку 90 до 180 дена пред студијата. Тие ќе примат една доза од актуелната вакцина на Фајзер или од специфичната вакцина за омикрон.

