10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраински министер: Спијте мирно, нема да има инвазија од Русија

Украински министер: Спијте мирно, нема да има инвазија од Русија

Властите во Украина денеска се обидоа да ја убедат нацијата дека инвазијата од соседна Русија не е неизбежно сценарио иако тие признаа дека заканата е реална и примија пратки со американска воена опрема со цел да ја зајакнат нејзината одбрана, пренесува АП.

Министерот за одбрана, Алексеј Резников, изјави во парламентот дека до денес нема причина да се верува дека Русија се подготвува за итна инвазија истакнувајќи дека нејзините војници не формирале, како што рече, борбена група што би можела да ги пробие границите.

„Не грижете се, спијте мирно. Нема потреба да имате спакувани куфери“, им рекол украинскиот министер на пратениците, пренесува АП.

Неговите изјави следуваа по повторените уверувања од претседателот Володимир Зеленски и други официјални претставници дека ситуацијата е под контрола.

Сепак, во интервју емитувано вчера, министерот за одбрана призна дека постојат ризични сценарија, кои се можни и веројатни во иднина, пренесе „Асошиетед прес“.

Москва негира дека планира напад врз Украина, но во последните недели концентрира речиси 100.000 војници во близина на границата и одржува воени вежби на неколку локации во Русија, што ги натера САД и нивните сојузници во НАТО да брзаат со подготовките за можна војна.

Како дел од новата воена помош од 200 милиони долари испратена до Украина од САД, денеска во Украина пристигна пратка со опрема и муниција, потврди заменик-министерот за одбрана, Хана Малиар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП