Концептот беше претставен во 2013-та година, а сега за прв пат стигна на јавната сцена.
Се разбира, тоа е „Devel Sixteen“, кој ќе испорачува над 5.000 ks во своето врвно издание. На италијанскиот автопат автомобилот беше возен многу помирно и придвижуван од V8 мотор кој ќе дава максимални 1.500 кс. Иако изгледа малку аматерски, видеото беше официјално и објавено на каналот на компанијата на „YouTube“. Во описот стои дека е тестиран на италијанските патишта.
На почетокот на овој месец, компанијата објави видео од патеката каде што може да се види истата копија во значително поатрактивна изведба.
„Defining Extreme Vehicles Car Industry“ започна да го развива овој модел во 2008-ма година. Минатата година претставија прототип со V16 мотор, но во атмосферско издание. V16 е направен од два LS V8 мотори и е потпишан од „Steve Morris Engines“. Откако ќе се комплетира моторот, тој ќе испорачува над 5.000 ks и 5.100 Nm во тркачкото издание, а максималната брзина ќе биде 515 km/h.
Списокот на нарачки е отворен, а првите испораки се очекуваат осум месеци по завршувањето на развојот на моделот. Почетната цена е 1.6 милиони долари.