27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски победници и губитници од пандемијата (ИНФОГРАФИК)

Економски победници и губитници од пандемијата (ИНФОГРАФИК)

Иако пандемијата на коронавирус сè уште не е завршена, многу економии на земјите-членки на меѓународната економска организација ОЕЦД се враќаат во нормала по катастрофалната 2020-та година.

Во својата анализа, „The Economist“ ги објави економските победници и губитници од пандемијата. Беа собрани податоци за пет економски и финансиски показатели – БДП-то, приходите на домаќинствата, перформансите на берзата, капиталните трошоци и државниот долг за 23 земји.

Во анализата се наведува дека стапката на невработеност се вратила на бројките од пред Ковид-19 и дека приходите на домаќинствата се во просек повисоки отколку пред пандемијата. Меѓутоа, ако се погледнат податоците за поединечни земји, забележливо е дека има јасни победници и губитници.

Во однос на бруто домашниот производ (БДП), Ирска е најголемиот економски победник во пандемијата – БДП-то на земјата порасна за речиси четвртина (22,3 проценти) од четвртиот квартал на 2019-та година до третиот квартал на 2021-ва година.

Чиле е на второ место со раст на БДП-то од 10,4 отсто.

Норвешка, Полска, Данска и Шведска забележаа раст на БДП-то меѓу 2 и 3,5 отсто.

Економиите на европските земји како Обединетото Кралство, Португалија, Шпанија и Италија се најтешко погодени од коронавирусот, а податоците покажуваат дека тие сè уште не закрепнале од пандемијата, при што БДП-то падна од 1,3 на 6,6 отсто.

Во анализата на „The Economist“ се наведува дека економиите на некои земји биле многу почувствителни на воведувањето забрани за патување за време на пандемијата, особено оние во јужна Европа, кои во голема мера се потпираат на туризмот. Од друга страна, Белгија и Обединетото Кралство претрпеле голем број на заболени со Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП