
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе се обрати на церемонијата по повод 28 Август – „Ден на рударите“. Сарачини ќе додели и плакети за најдобри рудари, номинирани од нивните работодавачи, за постигнатите работни резултати во текот на минатата година.

