28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја намали прогнозата за економскиот раст

Русија ја намали прогнозата за економскиот раст

rusija6

Русија ја намали прогнозата за економскиот раст за оваа година на 1,8 проценти од првичните 2,4 проценти, поради слабиот економски раст од првата половина во оваа година.

Доколку овие информации бидат потврдени, тоа ќе биде прв пат од финансиската криза од 2008-2009 кога Русија забележува толку слаб економски раст, бидејќи минатата година порасна со темпо од 3,4 проценти, а во 2011 година со 4,3 проценти, јавија руските новински агенции, повикувајќи се на извор од владата.

Руската влада, исто така, ја намали прогнозата за раст на економијата за 2014 година на ниво од 2,8 до 3,2 проценти, наместо претходно прогнозираните 3,7 проценти.

Рускиот министер за економија, Алексеј Улукаев, неодамна призна дека Русија влегува во период на стагнација, но ја отфрли идејата на одделни економисти дека руската економија е на пат кон рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП