ПочетнаЕКОНОМИЈАУвозот во Црна Гора пет пати поголем од извозот

Увозот во Црна Гора пет пати поголем од извозот

uvoz1

Вкупниот извоз во Црна Гора во првите шест месеци од оваа година изнесувал 227 милиони евра, што е за 4,5 пати помалку од вредноста на увезената стока.

Прелиминарните податоци покажуваат дека во периодот од јануари до јуни вкупната трговска размена со странство изнесувала 1,24 милијарди евра, што претставува пад од 2,5 проценти во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците од црногорскиот завод за статистика Монстат.

Вкупниот извоз, сепак, е поголем од 6,3 проценти, додека увозот е намален за 4,3 проценти. Електричната енергија сочинува најголем дел од извезената стока, а автомобилите и транспортните уреди најголем дел од увезената стока, соопшти Монстат.

Главен странски трговски партнер и понатака е Србија, од каде била увезена стока вредна 284 милиони евра, а извезена 87 милиони евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП