Пазарот на криптовалути претрпе остар пад на вредноста во последните неколку дена, но, според веб-страницата Coingecko, тој денес се стабилизира.
Пазарната капитализација благо закрепна, за 1,8 отсто и моментално изнесува 1,74 трилиони долари.
Биткоинот денеска се тргува по цена од 35.633 долари, што значи дека во последните 24 часа изгубил дополнителни 0,7 отсто, пренесува.
Цената на Етер е речиси непроменета во однос на вчерашната, т.е. неговата вредност падна за 0,4 отсто и моментално се тргува по 2.493 долари.