29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА“Е-Адвокат” платформа која е потребно да ја има секој успешен адвокат

“Е-Адвокат” платформа која е потребно да ја има секој успешен адвокат

Брзиот и организиран дигитализиран пристап до правни информации, краткиот рок на извршување постапки и голема ефикасност во работењето е она по што се одликува една модерна адвокатска канцеларија.

За адвокатите успешноста во давање адвокатски услуги на голем број на клиенти во краток временски рок не е никаков проблем, бидејќи работите се поставени на здрава основа и ги користат сите технолошки придобивки. Ја користат специјализираната програма „Е-Едвокат“. Таа им обезбедува детални записи за сите случаи, рочишта, тужби, извештаи, како и нивните видови (на пример, рочишта во следните 7 дена, сослушувања без извештаи, случаи од клиенти, датуми, дејствија во постапката, итн). Преку оваа платформа една адвокатска канцеларија добива можност за електронско водење на документацијата, брз пристап до документите од разни рочишта, и пред се голема безбедност на податоците.

Платформата Е-адвокат е резултат на современите потреби на адвокатите. Проблемите со кои се соочуваа, спориот пристап до податоци, несоодветното чување на документите, не мотивираа да креираме дигитално решение кое ќе им ја олесни работата, вели Трајче Манолев од компанијата Маркант Софтвер, која го разви ова паметно дигитално решение наменето за адвокати. “Е-адвокат им овозможува на адвокатските фирми да ја чуваат целата своја документација (вклучително и електронски потпишан документ) во еден систем во согласност со сите законски прописи. Архивирањето, складирањето, пребарувањето и управувањето со сите случаи е значително забрзано, притоа постигнувајќи повисоко ниво на квалитет на работата на адвокатската канцеларија.”, смета г. Манолев.

Модернизацијата им помага на адвокатите да ја зголемат својата ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит.

За неколку години, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали, средни и големи – туку на паметни адвокатски канцеларии и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП