27 април, 2024
ПочетнаНЕ ПРОПУШТАЈТЕiPhone 5 експлодирал за време на разговор

iPhone 5 експлодирал за време на разговор

iphone-5-explode

Една девојка од Кина тврди дека за време на нејзиниот телефонски разговор и експлодирал iPhone 5 телефонот  и го оштетил нејзиното око.

Таа вели дека  iPhone-от бил многу жежок откако зборувала на него околу 40 минути. Се обидувала да ја прекине врската преку екранот на допир, но телефонот не реагирал, и веднаш потоа дошло до експлозија. Деловите од телефонот завршиле во нејзините очи, пишува “Дејли Меил”.

Девојката тврди дека го купила телефонот во септември минатата година и дека дотогаш и паднал само еднаш. При тој пад телефонот бил малку оштетен во горниот десен агол.

Исто така, минатиот месец е објавена вест за една стјуардеса, која починала од струен удар кога одговорила на iPhone 5 телефон додека бил на полнач.

“Apple” предупреди за постоењето на евтини копии од нивниот мобилен телефон како и копии од полначи на пазарот. Побарувачката за “Apple” уредите е огромна во Кина, поради што ги натера некои од компаниите да произведуваат лажни iPhone, iPad и iPod уреди.

Компанијата вети дека ќе го истражи смртниот случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП