3 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа за EUR/USD 27.08.2013

Техничка анализа за EUR/USD 27.08.2013

Вчерашниот ден помина мирно без никакви движења повеќе поради неработниот ден на банките во Англија.

EUR/USD се тргуваше на многу мало растојание од 1,3360 до 1,3395 што е незабележително движење. На Форекс пазарот после мирен ден секогаш се ошекува следниот ден да биде бурен со драстично движење на цената, така да денес може да очекуваме силен моментум во една насока со повеќе од 100 пипа како би се пополнал дневниот просек на движење на цената на EUR/USD кој просек изнесува околу 100 пипа калкулиран од просекот на движење на цената за неделно или месечно ниво.

Нашите аналитичари очекуваат еврото да скокне повторно во однос на доларот и да достигне уште еден рекорден врв до цена 1,3490 која и е цена на фибоначи влијателното ниво од 127% калкулирано според последниот врв и последното дно.

Како што може да забележите на графиконот цената се оддржува во нагорниот канал што претставува сеуште нагорен тренд, така да шансите за цената да продолжи да расте се знатно поголеми со фактот дека веќе неколку дена купувачите го зголемуваат обемот за купување на EUR/USD што би требело да резултира со посилен моментум во лондонската сесија.

eurusdh4_27_08

Среќно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП