16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Сите ние ги потценивме закрепнувањето и инфлацијата

Лагард: Сите ние ги потценивме закрепнувањето и инфлацијата

Пандемијата им одржа важна лекција на светските економии и ги научи на скромност, бидејќи сите масовно го потценуваа закрепнувањето, вработеноста и инфлацијата. Ова мислење пред „CNBC“ го изрази претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард.

„Ако нешто научивме од пандемијата, тоа е лекција за скромност. Сите го потценивме закрепнувањето, вработеноста и инфлацијата“, рече Лагард.

Таа посочи дека особено на Стариот континент економиите „предолго страдаат од прениска инфлација“, па затоа вреди да се испита што го предизвикува сегашниот раст на цените и дали тој ќе биде одржлив.

„Се обидуваме да откриеме колку долго инфлацијата ќе трае, бидејќи тоа е клучот за да се направи одговор на монетарната политика“, рече Лагард, додавајќи дека и геополитичките фактори играат улога.

Сепак, претседателот на ЕЦБ ја повтори својата мантра дека цените ќе го забават растот оваа година.

„Во моментов очекуваме дека цените на енергијата ќе се стабилизираат во 2022-ра година, проблемите со снабдувањето и инфлацијата постепено ќе се забават“, рече централниот банкар, но рече дека „има голема неизвесност“ и дека овие изгледи се предмет на промена.

Сепак, Лагард беше категорична дека инфлацијата во еврозоната веројатно нема да достигне рекордни нивоа во САД.

„Ако завршиме со купување средства, ќе се свртиме кон други инструменти, вклучително и зголемување на каматните стапки“, рече Лагард.

На последниот состанок во декември, ЕЦБ одлучи да стави крај на пандемичната програма за купување хартии од вредност PEPP.

Еден ден претходно преку француската радио станица „France Inter“, Лагард се изјасни против брзиот пораст на каматните стапки и покрај високата инфлација во еврозоната. Европската централна банка не треба да води таква агресивна монетарна политика каква што најверојатно ќе преземе ФЕД, рече Лагард.

„Циклусот на економско закрепнување на САД е пред европското. Значи, ги имаме сите причини да не дејствуваме толку брзо и жестоко како што би замислиле дека ФЕД ќе направи“, рече Лагард.

Федералните резерви на САД веќе ја објавија можноста за три зголемувања на каматните стапки во 2022-ра година. Централната банка може да ја зголеми основната каматна стапка веќе во март. Причината за тоа е високата инфлација. Последните податоци покажуваат дека растот на цените во САД достигна највисоко ниво во последните 40 години. Сепак, инфлацијата во еврозоната, исто така, достигна „пик“ во декември, главно поради зголемувањето на цените на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП