27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ повторно на врвот по бројот на патенти

„Toyota“ повторно на врвот по бројот на патенти

„Toyota“ е на врвот на листата на производители на автомобили со најголем број патенти 8-ма година по ред, соопшти американската канцеларија за патенти и трговски марки.

Минатата година јапонскиот производител доби права на 2.753 патенти, што е 7,5 дневно. Сепак, овој резултат е послаб од 2020-та година, кога инженерите и научниците на „Toyota“ добија 2.819 патенти. Ова беше и најсилната година на компанијата, со раст од 4% во однос на 2019-та година.

Многу од патентите се поврзани со истражување на батерии како поддршка на напорите на марката за електрификација. Покрај тоа, 2021-ва година беше особено активна година за иновации во системи за автоматско возење, хардвер, софтвер, вештачка интелигенција и други пронајдоци поврзани со мобилноста.

„Списокот на патенти ги покажува нашите напори за електрифицирање возила, што е потврдено од револуционерната технологија за батерии, како и новата интелектуална сопственост за поддршка на транзицијата на „Toyota“ кон мобилна компанија“, рече Фредерик Мау, консултант за интелектуална сопственост и директор за лиценцирање патенти на „Toyota North America“.

Компанијата додава дека големиот број нејзини пронајдоци е резултат на огромни инвестиции во истражување и развој. Компанијата вели дека инвестира повеќе од 1 милион долари на час во нови технологии. Од 2017-та година, групата инвестираше повеќе од 1 милијарда американски долари во проекти поврзани со автоматизирани возила и роботика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП