20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВодач на кавачкиот клан подготвувал атентат врз Вучиќ

Водач на кавачкиот клан подготвувал атентат врз Вучиќ

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, на денешната прес-конференција изјави дека криминална група планирала убиство на претседателот Александар Вучиќ.

„Преку Европол добивме информација на 14 јануари под назнака ‘итно’, од една земја членка на ЕУ бевме информирани за постоење на организирана криминална група чија цел е да го убијат претседателот на републиката, Александар Вучиќ.

По тоа, заедно со Европол, покренавме опсежна акција насочена кон спречување на убиството на претседателот. На чело на таа организација е црногорскиот државјанин Радоје Звицер, еден од водачите на кавачкиот клан, кој се товари за организирање и нарачување на повеќе убиства на територијата на Црна Гора и други земји.

Истрагата ќе утврди дали Радоје Звицер тоа го правел за интересите на неговите политички лидери. МВР ќе направи сè за целосно расветлување на овој случај и спречување атентат врз претседателот“, рече Вулин.

„Припадниците на МВР и Безбедносно-информативната агенција ќе го известуваат Обвинителството за организиран криминал за секоја информација што ќе ја добијат преку оперативна работа, но и во соработка со претставници на воено-безбедносните структури ќе направат сè за да се сочува нашиот уставен поредок, мирот и стабилноста и секојдневниот начин на живот, како и животот на претседателот на Србија“, порача министерот Вулин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП