24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБекамови се подновија со луксузна јахта(ФОТО)

Бекамови се подновија со луксузна јахта(ФОТО)

Викторија Бекам се враќа на деновите од „Спајс грлс“ во мал црн мини фустан додека им се придружува на родителите и сопругот Дејвид Бекам на неговата нова суперјахта вредна 5 милиони фунти, а која го доби името Seven по бројот на неговиот дрес во Мајами.

На модната дизајнерка (47) и фудбалскиот ас (46) им се придружија нејзините родители Ентони и Џеки Адамс на бродот долг 93,5 метри додека се подготвуваа да испловат од местото каде што беше закотвен во Мајами.

И славните домаќини се чини дека добро се снаоѓаат додека ги служат гостите со пијалаци на сребрен послужавник пред да тргнат на мини крстарење по зајдисонце на бродот произведен во Италија.

Минатиот месец беше објавено дека Дејвид се почестил со луксузниот брод во кој помогнал да се дизајнира по инспирацијата од поморските излети со Елтон Џон и Дејвид Фурниш, кои често летуваат на море.

Извор откри за весникот „Сан“ дека Дејвид разгледувал некои јахти летово и решил да се почести. Тој самиот помогнал во дизајнирањето на пловилото.

„Не е мегајахта во стил на олигарх, но е прилично добра. Дејвид доби инспирација по одморот со Елтон Џон и Фурниш на нивниот брод – и го засака животот на вода“.

„Ќе има простор за нуркање на децата, а бродот ќе биде одлична основа за целиот клан Бекамови за магични одмори во странство“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП