29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата и гасот би можеле да бидат уште поскапи доколку Русија ја...

Нафтата и гасот би можеле да бидат уште поскапи доколку Русија ја нападне Украина

Ако Русија изврши воена офанзива врз Украина, веројатно е дека цените на нафтата и гасот дополнително ќе се зголемат. Според CNN, цените на нафтата се веќе највисоки во последните седум години. Белата куќа предупреди дека руската инвазија на Украина може да ги направи уште повисоки.

Причината за тоа е што Русија е втор најголем производител на нафта во светот, по САД. Од друга страна, Украина е една од клучните земји во испораката на руски гас за европските земји.

Многу е можно рускиот претседател Владимир Путин да реагира на санкциите против неговата земја поради нападот на соседната земја со покачување на цената на нафтата и гасот. Дополнително, растот на цените би можел да биде предизвикани и од штетата предизвикана од војната врз инфраструктурата за дистрибуција на овие извори на енергија.

CNN пишува дека засега не може да се заклучи колкаво ќе биде поскапувањето и колку ќе трае. Тензиите меѓу Русија и Украина, односно Западот веќе придонесоа за растот на цената на нафтата оваа недела.

Поскапувањето на рускиот гас исто така е веќе во тек, што Европејците го чувствуваат добро. Проблемот би можел дополнително да се продлабочи доколку Германија навистина го затвори гасоводот Северен тек 2, како што најави канцеларот Олаф Шолц претходно оваа недела. Доколку престане, снабдувањето со гас дополнително ќе биде ограничено.

Аналитичарите забележуваат дека во оваа прилика се покажува и дека енергетиката е еден од најважните надворешнополитички средства на Русија, наведува CNN.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП