1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 308 R Concept

Peugeot 308 R Concept

r concept

Објавени се првите фотографии од концептот на спортскиот „Peugeot 308 R“ за кој се претпоставува дека ќе биде претставен на авто-саемот во Франкфурт.

Многу детали за овој концепт засега не се познати, но судејќи според изгледот станува збор за автомобил со високи перформанси, спуштена суспензија со аеродинамички додатоци кои се карактеристични за ваквиот вид на возила.

„Peugeot 308 R Concept“ е обоен во две бои, предниот дел и страните се до средината на задните врати се црвени, додека задниот дел е мат-црн. Агресивен и спортски изглед е постигнат во предниот дел, пред се предниот браник и на маската на ладилникот, а особено се впечатливи големите отвори за вентилација на браникот.

r concept1

Тука се и посебно дизајнираните алуминиумски тркала, потоа аеродинамичките елементи и новите надворешни ретровизори, кои покрај агресивниот изглед треба да допринесат и за помал отпор на воздухот.

Со поголемиот заден спојлер, редизајниран е и браникот на кој се наоѓаат големи ромбоидни отвори за издувните цевки.

r concept2

Поради недостатокот на било каква информација за моторот и перформансите на автомобилот, можеме само да претпоставуваме дека под хаубата ќе се најде 1.6 литарски THP бензински агрегат кој „Peugeot“ го користи кај „RCZ R“.

Доколку навистина е тој мотор, „Peugeot 308 R Concept“ би располагал со 273 ks (201 kW) и 330 Nm максимален вртежен момент. Во секој случај станува збор за навистина „агресивен“ автомобил и доколку се започне со негово сериско производство би требало да биде ривал на моделите како што се „Megan RS“, „Focus ST“ и „Golf R“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП