понеделник, 27 јуни 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од утре, управувањето со топлинската енергија, ќе го превеземе државната ЕСМ, а државата на владина седница, ќе даде повеќе пари на компанијата за да може да набавува ресурси.

„ЕСМ треба да го достави предлог договорот за деловна соработка со БЕГ. Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба, дополнително ќе вбризгаме средства во ЕСМ, за да се справат со кризата и за да управуваат со компаниите. Од утре ЕСМ ќе управува со трите БЕГ, се со цел скопјани да имаат топлинска енергија и тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Договорот ќе го достави ЕСМ“, вели Бектеши.

Дополнителни рестрикции, засега, нема да има.

„Греењето нема да биде скратено, туку ќе работи до 1 после полноќ. Не верувам дека ќе биде намалена топлината, според правилата, мора да биде 20,1 степен“, рече Бектеши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП