16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУште една корејска серија, оваа е за зомби(ВИДЕО)

Уште една корејска серија, оваа е за зомби(ВИДЕО)

Затоа што сите се луди по корејска продукција, секој нов проект се чека со нетрпение бидејќи секогаш постои шанса да се претвори во (не)очекуван хит.

Тоа би можело да биде случај со All of Us Are Dead („Сите сме мртви“), корејска серија што пристигнува на „Нетфликс“ на 28 јануари, а дејството се врти околу група средношколци што се обидуваат да преживеат откога стотици соученици се претвориле во зомби кога нивното училиште станало епицентар на нова зараза.

Но, за разлика од повеќето херои во вакви филмови, овие деца пораснале со филмови и серии за зомби и барем малку се подготвени за она што следува. Инаку, серијата е базирана на вебтунот „Сега во нашето училиште“ на Џон Донг Геун.

Првата сезона ќе има осум епизоди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП