понеделник, 26 септември 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАIntel планира да произведува чипови за рударење на биткоини

Intel планира да произведува чипови за рударење на биткоини

Intel навести дека следната генерација на системи за рударење биткоини може да се испорача со налепници „Intel Inside“.

Компанијата најави дека планира да разговара за чипот „Bonanza Mine“ за ископување биткоини, на претстојната конференција.

Bonanza Mine е опишан како ефикасен, евтин ASIC за ископување биткоини, според податоците од документацијата потпишана од тројца службеници на Intel.

Засега, програмата не покажува дали Intel навистина планира да го испорача Bonanza Mine како готов производ или само како истражувачки проект.

Intel претходно објави планови за блокчејн, како и дека нема да вклучуваат стандардни процесори или графички картички. Ова не е изненадување, имајќи предвид дека рударењето на биткоин одамна се префрли на ASIC.

Intel не објави информации за хаш стапката, моќноста или дали ASIC ќе биде оптимизиран само за биткоин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП