26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав со нето добивка од 45,6 милиони евра во првата половина...

Групацијата Триглав со нето добивка од 45,6 милиони евра во првата половина од 2013 година

triglav199_0_0_468X10000

Групацијата Триглав оствари добивка во износ од 45,6 милиони евра во текот на првата половина од оваа година, што претставува зголемување од 10% во споредба со истиот период минатата година. Матичната компанија Заваровалница Триглав оствари добивка во износ од 37,5 милиони евра за време на истиот период во 2013 година. Групацијата пријави бруто полисирани премии од осигурување и соосигурување во износ од  496,4 милиони евра. Надзорниот одбор на компанијата исто така назначи и надворешен член на Комитетот за ревизија.

 

На 10-та редовна седница, Надзорниот одбор го одобри неревидираниот Времен извештај на Групацијата Триглав за периодот 1ви јануари 2013 – 30ти јуни 2013 година.

Групацијата Триглав оствари нето добивка од 45,6 милиони евра во текот на првата половина од 2013 година, што претставува зголемување од 10% во споредба со претходната година. Претходно споменатите резултати од работењето се постигнати преку спроведувањето на стратешките насоки засновани врз насоченоста кон основната дејност од осигурување, профитабилност и сигурност во деловните активности. Матичната компанија Заваровалница Триглав оствари нето добивка од 37,5 милиони евра во текот на првата половина од оваа година, што претставува зголемување од 50% во споредба со истиот период минатата година.

 

Групацијата Триглав пријави бруто полисирани премии од осигурување и соосигурување во износ од 496,4 милиони евра во текот на првите шест месеци од 2013 година, што претставува намалување од 5% во однос на минатата година. Матичната компанија придонесе 343,8 милиони евра во вкупната бруто полисирана премија, што претставува намалување од 8% во номинални услови споредено со истиот период минатата година. Намалувањето кај полисираните премии се должи на тешките услови на пазарот, економската криза и стратешката насоченост кон профитабилност.

 

Преку интензивно управување со портфолиото за осигурување имот, Групацијата Триглав оствари поволен комбиниран количник (мерка за профитабилност во основните осигурителни активности) што изнесува 90,8%, додека матичната компанија оствари количник што изнесува 84,9%.

 

Преку подобрената ефикасност на трошоците, Групацијата Триглав забележа намалување од 2% кај бруто оперативните трошоци што се со вкупен износ од 142,9 милиони евра.
Преку екстензивните намалувања на финансиските средства минатата година, како резултат на неповолните движења на пазарите на капитал, случувањата во банкарскиот сектор и падот на вредноста на одредени инвестиции, Групацијата Триглав успешно ја приспособи вредноста на своето портфолио, што имаше поволно влијание врз остварените резултати во првата половина од 2013 година.

 

Времените резултати на Заваровалница Триглав и Групацијата Триглав за шестмесечниот период што заврши на 30ти јуни 2013 година се објавени на 23.8.2013 година.

 

Надзорниот одбор ја назначи Барбара Нозе, којашто не е член на Надзорниот одбор, за надворешен член на Комитетот за ревизија.

 

Надзорниот одбор беше известен за Извештајот од внатрешната ревизија на Одделот за внатрешна ревизија во Заваровалница Триглав за периодот од јануари до јуни 2013 година. Покрај тоа, го забележа Извештајот за спроведените постапки по повлекувањето на Матјаж Раковец од позицијата Претседател на Управниот одбор и Извештајот за подготвеноста на Групацијата за спроведување на Директивата II за солвентност. Исто така, Надзорниот одбор ги усвои Измените кон Правилникот на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав АД.

 

Надзорниот одбор ја забележа и изрази поддршка за намерата на Заваровалница Триглав АД за земање учество во процесот на продажба на Кроација Осигурање АД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП