23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота за 700.000 домашни помошници

Работа за 700.000 домашни помошници

Woman Cleaning Mirror

Во обид да се ублажи недостигот од домашни помошници во домовите и да се спречи вработувањето „на црно“, во Саудиска Арабија ќе бидат издадени нови 700.000 визи за домашни помошници.

Поради тоа саудиското Министерство за труд ангажираше 10 компании чија цел е да пронајдат и вработат нови странци, пренесуваат локалните медиуми.

Недостатокот од домашните работници доведе до брз раст на „црниот пазар“ и заработка која ја надминува платата од 1,500 риали (400 американски долари) месечно, која ги одреди Владата.

Во последно време постојат тензии помеѓу Саудиска Арабија и нејзините големи пазари на труд, како што е Индонезија, Филипини и Етиопија.

Во моментот во оваа земја постои забрана за вработување на домашни помошници од Етиопија откако една од нив беше осудена за смртта на четири годишно момче. Така на средината на јули беа суспендирани 40.000 визи за работниците од Етиопија.

Претходно овој месец, Министерството за труд одобри и вработување на саат, со цел да се ублажи недостатокот на ваквиот вид персонал.

Според статистичките податоци, во Саудиска Арабија во моментов се вработени околу 8 милиони странски работници, од кои 200 илјади се од западните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП