26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГасот - лошата навика од која Европа не може да се откаже

Гасот – лошата навика од која Европа не може да се откаже

Гасот е лоша навика од кој Европа едноставно не може да се откаже од него, дури и ако знае дека боли, вели „Politico“ во анализата.

И покрај зголемените цени кои ја надувуваат инфлацијата, нестабилноста на светските пазари и непредвидливите постапки на рускиот претседател Владимир Путин, нема чекори на краток рок за напуштање на природниот гас.

Напротив, Европската комисија има намера да ја препознае улогата на гасот како клучна за зелената транзиција. Сепак, оваа позиција беше критикувана од аналитичарите.

„Не мора да го нарекувате зелен, бидејќи од научна гледна точка очигледно не е зелен“, вели Андреас Хопнер од Универзитетот во Даблин, додавајќи дека Европа ќе користи природен гас само затоа што и е потребен.

Електраните на гас се одговорни за околу 1/3 од емисиите на јаглерод на Стариот континент – не толку колку јагленот, но за разлика од јагленот, емисиите од согорувањето на гасот не се намалуваат. Згора на тоа, како технологија за мост, во моментов се планирани инвестиции во нови гасни централи во многу делови на Европа, според податоците „Bruegel“.

Гасната индустрија гледа уште еден аспект што гарантира иднина без облаци – планови за производство на водород. Тие предвидуваат употреба на гас, што не е „зелена“ технологија, но мора да биде придружена со методи кои сè уште не се користени во практиката за фаќање на јаглеродот и негово складирање под земја.

Поради ограничените испораки на гас во Европа во последните месеци, цената на суровините достигна рекорди – 180 евра за мегават-час, пријавена на 21-ви декември 2021-ва година. Аналитичарите на пазарите на гас не очекуваат дека цената ќе продолжи да расте во наредните месеци, но скапиот гас веќе им наштети на бизнисите и домаќинствата.

Сметките за гас за домаќинствата во Германија се зголемени за 60 отсто, а во Полска за 54 отсто, наведува „Politico“. И ако домаќинствата добијат одредена поддршка, бизнисот е целосно изложен на високи цени. Раководството на хотел во полскиот град Виеличка коментираше дека сметката за природен гас е три пати поголема од минатата година. Затоа многу влади презедоа мерки за заштита на ранливите потрошувачи, а една од нив е намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на цените на енергијата (Франција, Унгарија итн.).

Кој е одговорот на сето ова во ЕК? За потпретседателот на Комисијата, Франс Тимерманс, зелената транзиција ќе реши многу од актуелните проблеми. Неговите повици се за брза промена на обновливите извори на енергија и инвестиции во овој сектор.

Сепак, неговата визија доби многу критики. Главно затоа што напуштањето на природниот гас ќе бара премногу обновлива енергија – производството на зелен водород, на пример, е прилично неефикасно.

„Сепак, улогата на гасот ќе остане, иако начинот на кој се троши ќе биде различен“, рече Нарег Терзијан од Меѓународната асоцијација на производители на нафта и гас (IAOG).

За некои сектори, гасот ќе остане извор на енергија. Керамичката индустрија во Италија, на пример, веќе коментираше дека ќе и требаат години за да го прилагоди производството да работи на водород, доколку воопшто може да ги запали своите печки.

Затоа многу лобија вршат притисок врз Брисел да ги признае инвестициите во природен гас како одржливи, иако чекорите за негово напуштање како фосилно гориво веќе се наведени од страна на ЕК. Каква ќе биде конечната одлука на функционерите треба да стане јасно до крајот на оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП