Во стопанството во Македонија пред две години биле регистрирани 68 150 компании. Во нив работеле 434 185 лица. Најголем дел од компаниите биле дел од дејноста трговија на големо и мало, односно 21 885 во кои работеле 98 793. Фирми со стручни дејности се 8 400, а во нив работат 25 980 лица. Преработувачката индустрија е на второ место со 7 998 компании, а во нив работеле 118 506 граѓани.
Од близу 70 илјади компании десет отсто се од преработувачката индустрија, а во овој сектор има и најмногу вработени лица, близу 120 илјади. Според извештајот на Државниот завод за статистика најмногу фирми се регистрирани во дејноста трговија на големо и мало, а високо котираат и стручните дејности. Градежништвото е сектор кој вработува нешто над 30 илјади лица а во Македонија има 5894 градежни компании. За транспрот и складирење се регистрирани 5 600 фирми во кои работат нешто над 30 илјади граѓани.

