20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали би купиле виетнамски автомобил со 10 години гаранција? (ФОТО/ВИДЕО)

Дали би купиле виетнамски автомобил со 10 години гаранција? (ФОТО/ВИДЕО)

Виетнамскиот производител на автомобил, „VinFast“ пристигнува во Европа и е во потрага на локација за производство во Германија.

„VinFast“ има намера да дојде во Европа, а еден од адутите за успех на Стариот континент ќе биде гаранцијата од 10 години.

Кога се појави практично од никаде во 2018-та година и ги претстави седанот и теренецот, тие го нарекоа „виетнамско „BMW““, бидејќи и двата модели ја користеа механичката платформа и моторизацијата на баварскиот производител.

Од друга страна, дизајнот на овие возила го потпиша „Pininfarina“.

Денес „VinFast“ повеќе не е анонимно име во автомобилскиот свет, туку амбициозна компанија која сака да започне со производство на возила на европскиот континент, ни помалку ни повеќе туку во Германија.

На неодамнешниот саем „CES“ во Лас Вегас, виетнамскиот производител не само што претстави вкупно пет нови електрични кросовери, туку и потврди дека интензивно бара производствена локација во Германија, каде што има намера да започне со изградба на возила во 2025-та година.

Автомобилската филијала на виетнамската „VinGroup“ веќе имаше голем настап на Саемот за автомобили во Лос Анџелес, каде го претстави новото седиште на компанијата во Северна Америка, како и два целосно нови електрични теренци, „VF e35“ и „VF e36“.

Виетнамците некогаш произведуваа скутери за нивниот домашен пазар, а потоа во 2018-та година ги лансираа гореспоменатите два модели на автомобили, „Lux A 2.0“ и „Lux ​​SA 2.0“ под водство на поранешните менаџери на „GM“.

Инаку, овој производител на автомобили е основан дури во 2017-та година и планира да го освои светот во следните неколку години со помош на производствени капацитети во Виетнам, САД и Германија.

„VinFast“ на „CES“ потврди дека во иднина ќе се потпира исклучиво на електрични возила. Дизајнот на овие автомобили го потпишува и „Pininfarina“.

Во Европа, „VinFast“ сака да започне директна онлајн продажба на нови електрични автомобили, а веројатно и електрични скутери.

По купувањето возилата треба да се испорачаат на адреса на сопственикот, додека техничарите исто така „на нозе“ ќе дојдат кај клиентот на сервис и ќе се обидат да го решат секој можен проблем на лице место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП