26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина бележи рекордно производство на јаглен во 2021-ва

Кина бележи рекордно производство на јаглен во 2021-ва

За рекордно производство на јаглен во декември, како и во текот на 2021-ва година, соопшти статистиката во Кина. Владата ги охрабрува рударските компании да го зголемат производството за да обезбедат зимски резерви.

Во 2021-ва година, кинеското производство достигна 4,07 милијарди тони, што е зголемување од 4,7 отсто во споредба со 2020-та година. Ваквото зголемување е забележано во позадината на стопираната работа на голем број рудници поради поплавите на крајот на летото и недостигот на јаглен. Само во декември во Кина се ископани 384,7 милиони тони јаглен.

Од октомври 2021-ва година, рудниците во Кина работат со полн капацитет за да ги надминат рекордните цени постигнати во недостигот што се случи наесен.

Поради акумулираните резерви, Кина, која е најголем увозник на јаглен, ја поздрави веста за ограничувањата на извозот што ги воведе Индонезија на почетокот на годината. Сепак, земјите како Јапонија беа загрижени и стравуваа од недостиг на енергетски ресурси.

Заклучно со 22-ри декември, резервите на јаглен во Кина беа на рекордни 168 милиони тони, и иако оттогаш има одреден пад, на 162 милиони тони заклучно со 21-ви јануари, тие сè уште се над минатогодишното ниво. Тоа значи дека потрошувачката е загарантирана 21 ден, покажуваат податоците на кинеските институции.

Потрошувачката на електрична енергија во Кина во 2021-ва година се зголеми за повеќе од 10% на 8,3 трилиони киловат часови. Потрошувачката на енергија во земјата се очекува да се намали околу лунарната Нова година кон крајот на овој месец. Покрај тоа, Кина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри и ќе ограничи дел од индустријата да го исчисти воздухот и да обезбеди нормални услови за натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП