19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради падот на акциите Ли не е меѓу најбогатите Топ 100

Поради падот на акциите Ли не е меѓу најбогатите Топ 100

lee

Претседателот на „Samsung Electronics“, Ли Кун-Хи кој е најбогат човек во Јужна Кореја, испадна од листата на 100-те најбогати во светот. Богатството на Ли се проценува на 10,2 милијарди долари, со што му припадна 107-тото место во индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Богатството на Ли е намалено за 1,2 милијарди долари, во споредба со крајот на минатата година. Седумдесет и едногодишниот Ли влезе во рангирањето минатата година, но поради падот на цената на акциите на „Samsung Electronics“ неговото богаство се намали во 2013-та година.Тој повеќе не е во првите „сто“од почетокот на јули.

Акциите на „Samsung Electronics“, најголемиот производител на паметни телефони во светот, се поевтини за околу 15 проценти од почетокот на годината.

Бил Гејтс, ко-основач и претседател на „Microsoft“, е најбогат човек во светот со богатство проценето на 72.4 милијарди долари. По него е рангиран Мексиканец Карлос Слим со 65.6 милијарди долари, а првите три се оформуваат со Ворен Бафет кој е проценет на  58,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП