26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla отвори фабрика во Холандија

Tesla отвори фабрика во Холандија

tesla fakototo

Компанијата „Tesla“ ја отвори првата фабрика на територијата на Европа и тоа во Холандија. Во оваа фабрика нема да се произведуваат автомобилите, туку ќе се врши финалното склопување на возилата, додека компонентите ќе се испорачуваат од САД.

Оваа локација во истовреме ќе стане и нов дистрибутивен центар на луксузните возила со електричен погон кои ќе бидат наменети за европските купувачи. Од  „Tesla“ истакнуваат дека во оваа фабрика ќе се врши финалното склопување на „Model S“, но и дека таму ќе биде отворен и европски центар за сервис и резервни делови.

Овој американски производител испораката на возилата од „Model S“ ја започна овој месец, а првите единици беа испорачани на територијата на Холандија, Белгија, Франција и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП