6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото го предизвикува доларот како светска валута (ИНФОГРАФИК)

Еврото го предизвикува доларот како светска валута (ИНФОГРАФИК)

„Goldman Sachs“ предвидува оваа недела дека економијата на еврозоната ќе расте побрзо од американската во 2022-ра година. Банката очекува БДП-то да се зголеми за 4,4% и 3,5%, соодветно.

Најновата прогноза на Светска банка, исто така од јануари, и натаму предвидува дека САД ќе ја престигнат еврозоната по раст, иако за малку – само 0,1 процентен поен. ММФ е на пат да ја објави својата нова прогноза, пишува „Statista“.

Иако никој не знае чија економија ќе преовлада во трката за раст годинава, има и други показатели кои веќе ја покажуваат растечката економска моќ и меѓународната важност на еврозоната.

Вредноста на глобалните платежни трансакции во евра се зголемува до онаа на американскиот долар, покажуваат податоците на меѓународната платежна мрежа Свифт. Тоа значи дека активноста во валутата се зголемува.

Во октомври 2020-та година, вредноста на трансакциите во евра ги надмина и тие во долари. Иако тоа не траеше долго, разликата меѓу двете валути на светската сцена стана значително помала од почетокот на пандемијата.

Потенцијалните причини за ова ги вклучуваат координираните напори на ЕУ за поддршка на нејзината економија во актуелната криза и тековната фискална политика на регионот со нула камата. Во исто време, вербата во американската економија и нејзиниот раст е нестабилна, според „CNBC“, бидејќи продолжува неизвесноста околу економскиот пакет на претседателот Џо Бајден.

Строго земајќи ги предвид плаќањата помеѓу двајца учесници од различни валутни области – со исклучување на меѓународните плаќања помеѓу различни земји од еврозоната, американскиот долар сè уште ја задржува предноста како глобална трговска валута. Разликата во однос на еврото изнесува околу 3 отсто од вредноста на трансакциите во ноември 2021-ва година. Економистите се изненадени од севкупниот меѓународен успех на еврото како силен втор играч, бидејќи американскиот долар долго време се смета за единствена меѓународна трговска валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП