28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Fiat“ го претстави караванот „Tipo Cross“ (ФОТО)

„Fiat“ го претстави караванот „Tipo Cross“ (ФОТО)

„Fiat“ конечно го понуди „Tipo Cross“ во караван верзија, која ќе ги воодушеви оние на кои им се допадна хечбекот „кросовер“, но им треба повеќе простор.

Автомобилот е заснован на стандардниот „Fiat Tipo SW“, кој е надграден за да ги задоволи потребите на оние кои се симнуваат од асфалтот (или едноставно треба да ги совладаат високите градски рабници).

Автомобилот има заштитни елементи и украсни додатоци типични за моделите „крос“, како и 17-инчни алуминиумски тркала и 40 mm поголемо растојание од подлогата во споредба со стандардниот караван „Tipo“.

Возачот има на располагање и голем багажник со зафатнина од 550 литри.

„Fiat“ го претстави „Tipo Cross Station Wagon“ во специјално издание кое ја носи ознаката „RED“, а е препознатлив пред се по црвената нијанса „Passione Red“.

Подоцна ќе биде достапен во боите „Colosseo Grey“, „Gelato White“ и „Cinema Black“, но сите овие варијации на бои ќе ги задржат црвените надворешни ретровизори и уште некои украсни детали во иста боја.

Дополнително, стандардно е опремен со „LED“ групи на предни и задни светла

„Fiat“ сè уште не објави детали за погонските агрегати, но се очекува иста моторизација како кај хечбек „крос“ верзијата.

Тоа значи дека основниот модел под хаубата најверојатно ќе има 3-цилиндричен 1.0 бензинец со 100 ks (74 kW) и 190 Nm.

Што се однесува до дизелот, треба да сметате на 1.6 Multijet со 130 ks(96 kW). Покрај него, во понудата може да се најде и послаб 1.3 дизел мотор од 95 ks (70 kW).

Повеќе технички детали и информации за цената на „Fiat Tipo SW Cross“ ќе бидат достапни подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП