20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТужба од 40 милиони долари: Трамп ги лажел студентите дека ќе ги...

Тужба од 40 милиони долари: Трамп ги лажел студентите дека ќе ги направи богаташи

tramp1

Јавниот обвинител на Њујорк побарал отштета од 40 милиони долари од американскиот магнат Доналд Трамп, поради водење на лажниот Универзитет Трамп, кој им ветувал на студентите дека од нив ќе направи богаташи, а за возврат за скапата шоларина која тие ја плаќале не добиле ништо.

Тужителот Ерик Шнајдермен вели дека во периодот од 2005 до 2011 година, повеќето од студентите (5.000), кои платиле школарина по 35.000 долари за школување, очекувале барем лично да го запознаат познатиот богаташ Доналд Трамп, но студентите сметаат дека освен скапите и „бескорисни“ предавања на семинарите, добиле само фотографирање пред сликата на еден од најбогатите луѓе на светот.

„Универзитетот Трамп, со знаењето и учењето на Доналд Трамп, се потприрал на признанието и статусот на славната личност со цел да бидат искористени клиентите кои верувале во брендот Трамп“, изјавил Шнајдермен, пренесува агенцијата АП.

Ѕвездата на реалното шоу „Апрентис“ возвратил дека ниту тој ниту неговиот универзитет никогаш и никого не излажале и дека тужбата која е поднесена од демократот Шнајдермен е лажна и политички мотивирана и дека тужителот на овој начин сака од него да извлече пари за неговата компанија.

Државната служба за образование му наложила на Трамп да го смени називот на својата фирма пред неколку години, затоа што немал лиценца и не ги исполнувал законските услови за дефиницијата универзитет.

Универзитетот на Трамп во 2011 година бил преименуван во Институт за претприемачи Трамп, од кога започнале против него да се поднесуваат бројни пријави бидејќи тој не ги исполнувал ветувањата кон студентите. Досега, ниту еден од студентите на Трамп не станал богаташ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП