19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници се одлична превенција против ракот на бубрези

Овие намирници се одлична превенција против ракот на бубрези

Честото консумирање на домати и друг вид на овошје и зеленчук, кои содржат високо ниво на ликопен, е поврзано со намалениот ризик од заболување од рак на бубрезите, покажаа најновите истражувања.

Инаку, ликопенот е антиоксидант одговорен за бојата на доматите, лубеницата, грејпфрутот и папајата, а претходните истражувања го поврзаа внесот на ликопен со намалениот ризик за развој на карцином на белите дробови и желудникот.

Новите наоди се собирани во текот на последните 20 години од речиси 9.200 испитаници. Во просек учесниците во истражувањето со најголем внес на ликопен имале за 45 проценти помал ризик од заболување од рак на бубрезите отколку оние кои ги консумирале најмалите количини.

Научниците веруваат дека добиените наоди можат да се објаснат со влијанието на ликопенот на намалувањето на оксидативниот стрес поврзан со развојот на рак на бубрезите.

Според податоците за САД, ракот на бубрезите е деветти најчест облик на карцином во таа земја, а околу два проценти од сите случаеви на рак во Америка се однесуваат на ракот на бубрезите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП