18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се соочува со трошоци за енергија од 1 трилион долари во...

Европа се соочува со трошоци за енергија од 1 трилион долари во 2022-ра (ИНФОГРАФИК)

Европа оваа година ќе биде „искасана“ со најголемата сметка за енергија во последната деценија, бидејќи хиперинфлацијата на цените на природниот гас и електричната енергија ги погодува домаќинствата и фабриките ширум континентот, според проценките на „Citigroup Inc“.

Повикувајќи се на сегашните цени, американската банка проценува дека трошоците за примарна енергија во регионот ќе достигнат околу 1 трилион долари. Тоа е значително повеќе од околу 300 милијарди долари потрошени минатата година и 500 милијарди долари во 2019-та година, според „Bloomberg“.

Додека претходните пикови во голема мера беа поттикнати од растот на цените на нафтата, овојпат станува збор за трошоците за греење и електрична енергија за сè, од домови до транспорт и големи индустриски постројки.

„Гасот и струјата стануваат премногу скапи во Европа“, пишуваат аналитичарите на „Citigroup“, меѓу кои и Алистер Сајм. „Потрошувачите и индустријата ширум регионот веројатно ќе мора да направат некои тешки избори за потрошувачката на енергија“, додаваат тие.

Европа западна длабоко во енергетска криза со своите најниски резерви на гас во најмалку една деценија. Цените на горивата се зголемија за повеќе од 250 отсто во минатата година, а тензиите меѓу Западот и најголемиот снабдувач во регионот Русија ги заматуваат „сметките“.

Послабите ветрови го ограничуваат и производството на обновлива енергија околу која се гради зелената револуција во Европа.

Гасот сочинува околу 25 отсто од енергетските потреби на Европа, во споредба со околу 10 отсто за Азија, според „Citigroup“. Поради важноста на овој енергенс за електраните, поскапувањето на гасот влијае и на цената на струјата.

Сепак, постои одредено олеснување бидејќи владите ги засилуваат своите напори да ги заштитат домаќинствата од високите сметки. Во средата, Шведска ги следеше земјите како Франција и Италија, објавувајќи пакет од 6 милијарди круни (664 милиони американски долари) за субвенционирање на потрошувачите на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП