понеделник, јануари 17, 2022
ПочетнаСПОРТБИЗРоналдо: Не дојдов за да се борам за петтото или шестото место

Роналдо: Не дојдов за да се борам за петтото или шестото место

Смената на Оле Гунар Солскјер не ги подобри работите во Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ и под водство на Ралф Рагник делуваат неубедливо на теренот. Ако продолжат вака тешко ќе изборат место во Лигата на шампионите наредната сезона. За титулата, на „Олд Трафорд“, веќе никој не зборува.

По повод актуелната ситуација во клубот се огласи Кристијано Роналдо. Медиумите тврдат дека тој е еден од играчите ко се незадоволни од начинот на кој работи Рагник.

„Треба да му дадеме малку време на Рагник. Треба да се навикне на англискиот фидбал. Не е едноставно да дојдеш во клуб каков што е Јунајтед и веднаш да започнеч да бележиш добри резултати. Треба да добие малку време и простор. Сигурен сум дека Рагник ќе успее да го спроведе своите идеи“, рекол Роналдо и дополнил.

„Не сакам да бидам во клубот и да се борам за шестото, седмото или петтото место. Тука сум за да победувам. Верувам дека можеме да го смениме ставот и да почнеме да победуваме“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,751фановиЗаследи
2,158следбенициЗаследи
1,420следбенициЗаследи