28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на...

Повик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на Народната банка е до 1 февруари

Уште половина месец до затворањето на Конкурсот за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Ги потсетуваме младите истражувачи дека краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2022 година.

Право за учество на Конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со исклучок на вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка.

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување. Еден автор има право да поднесе само еден труд и тој може да се достави на македонски, албански или на англиски јазик.

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со трудови коишто веќе биле објавени (но не пред 1 јануари 2020 година).

Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.000 денари, нето. Доколку второрангираниот труд е со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 50.000 денари, нето. Покрај тоа, наградениот труд се презентира пред стручната јавност на настан организиран од Народната банка и се објавува на веб-страницата на институцијата. Изминатите неколку години, наградените трудови беа презентирани на сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка.

Конкурсот, којшто Народната банка традиционално го објавува изминатите 15 години, има за цел да ја поттикне научната мисла и да афирмира млади истражувачи. Низ годините, на Конкурсот за Годишната награда на Народната банка пристигнуваа голем број квалитетни анализи и тој делуваше како истражувачки центар за младите истражувачи од областа на економијата и финансиите. Народната банка ги поттикнува сите млади истражувачи од сферата на макроекономијата и банкарството да го погледнат Конкурсот на следнава врска: https://bit.ly/Godisna_nagrada.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП