19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕEUCERIN UREA Repair PLUS – за моментно и долготрајно подобрување на симптомите...

EUCERIN UREA Repair PLUS – за моментно и долготрајно подобрување на симптомите на сува кожа

Сувата кожа е се почест проблем! Суви, задебелени, груби и перутави делови се само дел од надворешните појави и први симптоми дека имаме проблем со сувост на кожата. Стресот, внатрешните фактори дополнително доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, и до нарушување на нејзините функции. Во сувата кожа полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, создаваат постојан или периодичен јадеж, кој видно вознемирува!

Како одговор на овие проблеми медицинската козметика Еуцерин го креираше EUCERIN 30% UREA Repair PLUS, производ кој моментално и долготрајно помага да се надминат проблемите со сувата кожа. Обезбедува ефикасна ексфолијација со 30% уреа, ја хидрира кожата со природни хидратирачки фактори и ја обновува кожната бариера со помош на серамидите. Eucerin so 30% уреа е наменет само за делови од телото со сува, груба и задебелена кожа, каде сакаме да постигнеме отстранување на наслагите на кожата (како на пример задебелена и груба кожа на стапалата, псоријатични плаки и слично). Останатата кожа треба да се негува зависно од потребите со производите со 5 или 10% концентрација на уреа, бидејќи 30% уреа не е за нега на целото тело.

Студијата која ја реализираа медицинските истражувачи во Баерсдорф, потврди дека кај дури 95% од испитаниците има одлична подносливост од кожата, а кај речиси сите испитаници има видно подобрување со состојбата на кожата, како и на псоријатичните плаки.

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори (ПХФ) на кожата. Нејзиниот ефект во производите е засилен со додавање и на други ПХФ-и, па така имаме уште поголема задршка на вода во кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Содржи и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

Резултати од студијата по само една седмица од користење на овој производ:

  • 90% Видно се намалува грубоста на кожата со текот на времето
  • 93% Сувите и распукани делови на кожата се видно помазни
  • 97% Ја обновува и ја заштитува кожата
  • 90% Прави да се чувствувам подобро заради надворешниот изглед на моите стапала
  • 97% допринесува да се чувствувам добро

Во Македонија има и Еуцерин лосиони со 5% и 10% Уреа за нега на сува кожа. Производите со уреа имаат и други активности кои ги прават многу погодни во третманот на дерматолошките заболувања. Истите може да бидат искористени и како подлога на која, зависно од клиничката состојба и потребите на кожата, докторите можат да додадат и соодветни лекови, бидејќи уреата ја подобрува пенетрацијата и/или активноста на други лекови за локален третман на кожата, како што се топичните кортикостероиди, антралинот,  третионинот, салицилната киселина и др. Зависно од концентрацијата, уреата ги отстранува и изумрените површински клетки и го смирува интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и сл. и да уживаме во својата кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП