Руската вакцина „спутник В“ е поефикасна од другите вакцини против мутираните соеви на коронавирусот, изјави денеска Александар Гинтсбург, директор на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
„Спутник В“ е многу подобро приспособена да се спротивстави на мутациите на коронавирусот отколку другите вакцини“, изјави Гинтсбург за ТВ -каналот „Русија 24“.

