5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдземена лиценцата на „Беса транс“

Одземена лиценцата на „Беса транс“

Министерството за економија ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса транс“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на социјалните мрежи.

„По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ ‘Беса транс’ БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница ‘Беса травел’ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не извршува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не извршува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата“, пишува Бектеши.

Од Министерството ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.

Со автобус на „Беса транс“ патуваа 45-те македонски државјани кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП