25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ е првиот производител кој се откажа од караванот

„Mercedes-Benz“ е првиот производител кој се откажа од караванот

Караваните со децении беа главен дел од гамата на „Mercedes-Benz“, но германскиот производител ја изгуби довербата во нив и ќе ги отстрани од својата понуда до крајот на деценијата, пишува „Automobilewoche“.

Според изданието, „CLA Shooting Brake“ ќе исчезне понудите од „Mercedes“ во 2025-та година и нема да добие наследник. Последен караван во гамата на марката ќе биде следната генерација на „E-Class“, која ќе се произведува до 2030-та година.

Причина за напуштањето на караванот се големите инвестиции што производителот од Штутгарт ги прави во уреди за електричен пренос. Компанијата инвестира огромни суми во развојот на целосно нови платформи кои помогнаа да се одржи лидерството на пазарот, но тие не го вклучуваат овој тип на автомобили.

„Mercedes“ работи на алтернативи за да ги задоволи оние клиенти кои сè уште сакаат нешто попрактично и еден од нив ќе биде иден „SUV“. Кај овој тип на автомобил батеријата може полесно да се „скрие“ зад импресивната големина, која во последно време станува се попопуларна.

Интересно, ваквите информации доаѓаат во време кога „Porsche“ лансира караван верзија на својот прв електричен автомобил – „Taycan Cross Turismo“. „Audi RS6 Avant“ продолжува да ужива голем интерес, додека „BMW“ се подготвува за издавање на првиот „M3 Touring“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП