26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWal-Mart со кампања ќе се обиде да ја зајакне индустријата во САД

Wal-Mart со кампања ќе се обиде да ја зајакне индустријата во САД

walmart

Американскиот трговски ланец „Wal-Mart Stores“ се надева дека ќе ја поттикне заработката со воспоствување на масовна кампања за купување на стока кога е произведена исклучиво во САД.

Овој најголем малопродажен ланец во светот минатата недела организираше „самит“ за продавачите, добавувачите и домашните производители на производи, со надеж дека преку патриотизмот ќе се зајакне индустријата во САД.

Оваа кампања може да послужи за подобрување на угледот на „Wal-Mart Stores“ кој постојано е осудуван дека ги прекршува правата на вработените и дека платите кои ги дава се многу мали, како и за постојаните откази кои ги доделува.

Некои експерти укажуваат дека токму „Wal-Mart Stores“ пред две децинии ја предводеше индустријата, поттикнувајќи го извозот од САД во Кина и другите земји кои се во потрага по евтина стока.

Сега директорите на „Wal-Mart Stores“ ветуваат дека ќе одат многу подалеку од маркетинг кампањата и дека ќе ги анализираат сите нивни производи, со цел да утврдат кои производи би можеле да се произведуваат во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП