13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали 2022-ра година ќе биде година на „златни визи“?

Дали 2022-ра година ќе биде година на „златни визи“?

Јануари е време кога сите почнуваат да размислуваат за нов почеток, а за некои тоа значи преселба во друга земја.

Пандемијата го промени начинот на кој живееме и работиме долго време. Сè повеќе работни места целосно се префрлаат на онлај работење. Желбата на луѓето да патуваат по повеќемесечни ограничувања и откажани планови е огромна.

За луѓето од Обединетото Кралство и Северна Америка, таканаречената „златна виза“ може да им понуди начин да најдат дестинација која подобро одговара на нивните идни планови, пишува „euronews.com“.

„Златната виза“ е програма за имиграција која им овозможува на државјаните на трети земји да добијат дозвола за престој или дури и државјанство во земја на Европската унија (ЕУ) доколку купат имот со одредена вредност или направат голема инвестиција.

Различни земји имаат различни инвестициски барања, кои се движат од околу 250.000 евра до неколку милиони, т.е. тие се достапни за навистина богатите луѓе.

Овие програми станаа сè попопуларни во последниве години во ЕУ, каде што добивањето „златна виза“ може да донесе други придобивки, вклучително и слободата на движење во Шенген зоната.

Се проценува дека секоја година програмите во моментов привлекуваат околу 3 милијарди евра инвестиции на ЕУ.

Според водечка инвестициска консултантска компанија, 2022-ра година би можела да биде година на „Златната виза“, бидејќи многу луѓе и семејства се обидуваат да го променат својот животен стил.

„Здравиот и одржлив начин на живот е на агендата за 2022-ра година како никогаш досега“, рече Мурат Коскун, основач и управен партнер на „Get Golden Visa“.

„Веруваме дека 2022-ра година ќе биде година на „златното визно лудило“, бидејќи луѓето прават план Б за тоа како и каде сакаат да живеат“, додаде тој.

Според компанијата, главните мотиви за луѓето да бараат секундарен престој или државјанство вклучуваат зголемување на работата на далечина, Брегзит и слаб одговор на пандемијата во нивната земја. Желбата да се избега од метежот и вревата на градскиот живот ги тера луѓето да бараат дестинација посоодветна за нивните потреби.

„Гледаме бран од луѓе кои сакаат повторно да се поврзат со природата и да имаат простор околу себе за да живеат и работат“, додаде Коскун.

„Пространите имоти и природната средина долж брегот ги направија Грција и Португалија популарни дестинации за инвеститорите“, посочува Коскун.

Португалија стана едно од најдобрите места во Европа за добивање дозвола за престој преку инвестиции, надминувајќи 10.000 барања до 2021-ва година. Високите нивоа на вакцинација и ослободувањето од данок за приходи од криптовалути се наведени како некои од причините зошто земјата треба да биде пожелно место живеење.

Грција е на второ место по Португалија со околу 9.500 барања за „златни визи“ на крајот на минатата година. Ова, заедно со даночните олеснувања за поединци со висока нето вредност, ја прави земјата популарна дестинација за оние кои сакаат да инвестираат во недвижен имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП